Основни факти за патувањето: Индонезија (Ломбок, Нуса Пенида и Бали)

 

Малку повеќе доцнам со постов, ама одговара совршено за тие што ќе се одлучат да одат во Индонезија периодов, па..
Период: 28.02-21.03.2017 (вон сезона се можни почести врнежи па препорачлива сезона е од Мај – Септември)
Цена на целото патување по човек: 1400€ (со севкупен превоз, храна, сместување и активности како нуркање, снорклинг итн.)
Јазик: англиски разбираат сите, индонезиски (фино е да знаете “Фала” да кажете или “Добар ден”, па линкчево може да послужи)
Валута: Индонезиски рупии (за размена подобро стоеше еврото, па немате потреба од размена во долари)
Виза: не треба (за помалку од 30 дена)
Не заборавајте: Да си купите картичка за интернет која чини до 10€ одма штом стигнете на аеродромот, пари во кеш до 400€ за почеток (има ATMs насекаде па можете со картичка подоцна поголеми суми да вадите поради провизија), испринтани резервации и билети, пасош (иако препорачувам копија од пасошот да си носите со вас), осигурување и малку и лесна облека заедно со лесен raincoat поради привремени врнежи :Р
Вакцина: не е задолжителна (ние не ставивме иако доколку имате време и сте во можност добро е. Пазете се од мајмунчињата бидејќи голема е веројатноста да имаат руби, па при каснување ќе мора задолжително вакцинација)
Превоз: авион Скопје – Братислава (WizzAir), Братислава – Будимпешта со воз, Будимпешта – Дубаи – Куала Лумпур (Emirates) и од Куала Лумпур -Ломбок (AirAsia) па од аеродромот со shuttle bus/автобуски превоз не смее да фати повеќе од 6 евра во правец и е околу 40 минути, пазете се од локалните таксисти што стојат на аеродром, не ги гледајте директно во очи бидејќи и онака ќе започнат да ви наметнат да одите со нив, без да ги гледате љубезно кажете благодарам купивме веќе карти). Автобусчето не однесе од аеродромот на Ломбок до Senggigi до нашиот прв смештај (кој вон сезона беше 6,7€ на ден). Во Senggigi доколку сакате одличен смештај препорачувам Sheraton Hotel кој се наоѓа на самата плажа и е баш за заљубени двојки кои сакаат луксуз (тогаш цената беше околу 80€ по вечер)
Дополнување: Патот секогаш е најскап до азиските земји од кај нас па со сите авионски карти превозот (тогаш вон сезона во февруари) не чинеше околу 650€. (Скопје – Братислава повратна беше 60€, Братислава – Будимешта едносмерна со воз чини 20€, Будимпешта – Куала Лумпур беше 470€ и Куала Лумпур – Ломбок беше 100€ повратна)
Летот со Emirates беше за секоја пофалба, wifi, филмчиња и врвна услуга.
Градски превоз: Низ градот одевме цело време пешки освен до пооддалечените маала со скутер. Скутер на ден изнесува од 50.000-70.000 рупии (гледајте да се исценкате бидејќи огромна е разликата од првичната сума до последната и пробајте го пред да го изнајмите, обавезно кациги земете не само поради безбедност туку и бидејќи е задолжително) што од прилика е 3,4€ додека бензинот е значително поевтин и беше 0,7€ по 1l, а 4l беа доволни за +70km.
Дополнување: Земете си ја меѓународната дозвола со вас секогаш кога ќе возите бидејќи казните се поголеми. Не ви препорачувам да рентате кола бидејќи голема е веројатноста дека ќе заглавите. Но доколку користите такси, Uber или Grab одлично функционираат. За скутер обавезно навигација со вас бидејќи немаат соодветни знаци насекаде.
Безбедност: Сообраќајот беше густ и треба добро да знаете да се снајдете во гужва со скутер. Избегнувајте да се сместувате во евтините хотели и хостели бидејќи има доста кражби и пазете од каде разменувате пари, дури и во менувачниците знаеа да украдат ако добро не ги пазите.
Храна: Секое утро го почнувавме со јадење на палачинки од банана со овошје или јајце пржено со зеленчук, додека за ручек најтрадиционално беше да се јаде Наси Горенг кој се наоѓаше за добра цена по скоро сите маалски, локални местенца.
Мора да се проба: Палачинка од банана, Овошје секој ден! и тоа Dragon Fruit, авокадо, ананас, банана (имаат доста природен вкус и smoothies тука топло препорачувам!) Nasi Goreng (ориз со зеленчук и јајце), Bakmi Goreng (зачинети нудлс со зеленчук), риба од локални местенца, морска храна со зеленчук (Ммм!) и Luwak кафе (најскапото кафе во светот а е од изметот на мачето лувак).
  Лево: Доручек во Бали – Палачинки од Банана со овошје  Десно: Smoothie од Авокадо со прелив од чоколадо 🙂
Оризовите полиња заштитени од Unesco 
Корисни линкови од останати блогери: Lost LeBlanc, This is a Dream
Особена благодарност до сите пријатели за сите совети како и до #Endava и Ilina што ми овозможија несебично да ги истражувам овие убавини цел месец, to follow my passions & to #BeMore.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

clear formSubmit