Вечерва со почеток во 21 часот во рамките на настанот  “Ќе дојдеш ли на Рандеву? Vol 2.“  младата уметница Моника Ризовска ќе ја одржи својата прва самостојна изложба насловена како „Пауза. “ Енергична девојка, полна со ентузијазам, желба и идеја за промена. Денеска разговараме со неа на оваа тема.

Моника твојата колекција, а и името на изложбата е  „Пауза.“ . Зошто? Има некакво значење или ти беше само звучно?

Зборот “пауза” означува повик за простор каде го одмораш умот, а во исто време е и уникатен начин да се акцентира одмор што на секој секогаш добро му доаѓа, дава простор за наплив на енергија кој јас гледам да го искористам за креативно творење. Изложбата Pause означува и момент кој ќе остане и доживотно во мојата меморија (а се надевам и на другите) бидејќи означува втора декада и посветеност на мојата љубов кон уметноста, а воедно и начин да искажам благодарност на мојот покоен дедо, ментор, учител и идол од кого го наследив својот талент и на кого му ја посветувам оваа изложба.Верувам дека за да уживаме комплетно во било што треба да си дадеме простор да подзастанеме и да уживаме во глетката без разлика дали е тоа уметност, природа или некоја драга личност, пријатели или семејство, па срдечно ги повикувам сите да си дадат можност да уживаат во уметноста и дружбата на Ќе дојдеш ли на рандеву?

Ми спомена дека досега си изложувала преку 11 пати меѓутоа секогаш било во соработка со други луѓе, никогаш самостојно. Зошто сега се одлучи, кој беше пресудниот момент?

Природно се поклопија коцките. Веќе неколку години работев на идејата и концептот и знаев дека кога ќе имам самостојна изложба ќе биде многу поинаква од класичното изложување. Бев во потрага по простор и во разговор со моја драга пријателка која воедно е дел од организаторите на настанот сфативме дека нема потреба од понатамошна потрага. Овој настан комплетно се совпадна со мојот стил и ги долови сите мои страни – добротворен е, шири позитивна енергија, интерактивен е и е повик за незаборавна дружба, а којзнае, можеби за некој и старт на нова љубовна приказна.

img_4018-1024x681

Интересно е тоа што немаш завршено академија,  желбата те насочила овде каде што си во моментов. Како го одржуваш во живот талентот, на кој начин?

Постојано учам, читам, патувам, среќавам инспиративни луѓе, ментори со кои споделувам и се инспирирам од нивните идеи и методи кои ги вметнувам во мојот начин на цртање. Досега имав чест да бидам дел од ликовни колонии, уметнички натпревари, интернационални и домашни групни изложби, тренинзи и работилници  каде добив признанија и уште поважно, запознав истакнати наши уметници но и уметници од Америка, Германија, Турција и Швајцарија од кои и до ден денеска учам и сум во контакт. Уметноста за мене е повик за постојана потрага по нова инспирација, учење и мотив за акција испреплетена со емоции во боја.

namaleni

Каде твориш најчесто?

Најчесто творам дома, во своето ателје, ноќе после сите работни обврски каде пуштам релаксирачка музика со која во комбинација со миризливи свеќи, амбиентално светло, бои и платно го доживувам својот “Pause” момент.

 

Во разговорот ми кажа дека сметаш оти знаењето е важно да се пренесува понатаму и секогаш гледаш да извлечеш повеќе од светот околу тебе. Во колку животни области си присутна во моментов, каде се те има?

По природа сум навистина љубопитна, прониклива и секогаш жедна за нови знаења па оттаму произлегува и желбата за мој активен ангажман на повеќе полиња. Досега професионално сум била ангажирана како маркетинг специјалист, тренер на академиите за дизајн по предметите „Ликовни елементи„ и „Принципи и теорија на боја„ во Сеавус едукативен и развоен центар, како организатор на настани, тренинзи, креативни работилници. Членувам во невладини и непрофитни организации од кои во моментот најактивно сум вклучена во Girls in Tech како дел од управниот одбор каде што имавме многу успешен настан минатата недела и спремаме уште многу нови настани и проекти, но за тоа во друго издание.

12236448_1078515255514530_1192464089_o-1024x683

 

Благодарност до HYBREAD за интервјуто. Извор: http://hybread.st.mk/index.php/2015/11/12/intervju-monika-rizovska-prva-samostojna-izlozba-pauza/.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

clear formSubmit